Актерот е непрепознатлив
Хрватскиот глумец Франо Ласиќ шокира со новата објава на социјалната мрежа „Инстаграм“.
На фотографиите, еден од најголемите заводници во поранешна Југославија изгледа како бездомник, валкан, искинат и непрепознатлив.
Иако фановите за миг се збунија, бргу сфатија дека во прашање е нова улога.
Ласиќ е во брак со 32 години помладата Милена со која во ноември минатата година го доби синот Николас.
„Имам прекрасна сопруга која ја обожувам. Кога ја сретнав се препородив. Среќен сум, таа ми дава неверојатна сила. Исклучително ме радува секојдневието со бебето кое го гледам како расте, како се смее, а тоа е непроценливо“, си ја отвори душата тој неодамна.
Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.