fbpx

Тажен ден во Охрид: Почина еден од најдобрите

Почина Милан Белев, занаетчиска легенда во Охрид. Работилницата на прочуениот опинчар беше несомнeно една од знаменитостите на македонскиот туристички бисер, омилено свртувалиште на Холанѓаните и наликуваше на мал музеј.

Белев (1926-2022), занаетчија-опинчар, роден во Охрид, на 13 години заминува во Зајечар, соседна Србија да го изучува кожарскиот занает. Се враќа дома по четири години и заедно со неговиот брат Ѓорѓи Белев отвораат дуќан во старата охридска чаршија.

Низ годините изработувал опинци и други производи од кожа за населението и за странските туристи. Холандските туристи во тоа време покажуваат голем интерес за неговите производи, поточно за македонските традиционални опинци.

Од нив го учи и холандскиот јазик којшто доста солидно го зборува. Стекнува низ годините многу пријателства. Неговиот занает го предава на внукот Крсте Белев и правнуката на Милан, Елена Белев, пишува порталот „ТВМ.мк“.

Следни Објави

Не го дочека внукот, многу нешта не си кажавме: Сопругата на Војо си ја отвори душата

Пред осум години не’ напушти легендарниот македонски пејач Војо Стојановски. Позади себе остави огромно музичко творештво, но и семејство кое и денеска зборува во суперлативи за него. Дамјан кој беше матурант кога почина неговиот славен татко, во една прилика раскажа дека Војо му бил најдобар пријател, ментор и идол. „Неговите […]