fbpx

Ќе го памтиме по ведриот дух: Охриѓани се простуваат од Христовски

Нека му е светол патот

Во 84-та година од животот, во Охрид почина професорот по физичка култура и истакнат спортски работник Миодраг (Миле) Христовски.

Миле беше пасиониран вљубеник во спортот, ентузијаст, непрегорен спортски работник. Остави белег во охридската кошарка, неизмерно ја сакаше атлетиката. Активно се занимаваше со спорт до крајот на животот.

Охриѓани ќе го паметат по неговиот ведар дух и спортското тело кое го одржуваше возејќи велосипед, трчајќи или вежбајќи, речиси секојдневно, пшишува порталот „Охрид њуз“.

Следни Објави

Убав живот, луксуз, но и проблеми со законот: Кој е ненадејно починатиот сопруг на Николина Пишек?

Српскиот историчар на уметност, Видоје Ристовиќ, почина ненадејно на 44-годишна возраст. Тажната вест ја потврди и неговата сопруга, една од најпопуларните водителки на овие простори Николина Пишек. Двојката ја има ќерката Уна Софија која ја доби во 2014 година. Пишек има и постара ќерка од првиот брак. Регионалната јавност првпат […]