fbpx

Не ми се верува: Се огласи Андреа, еве што вели за евровизискиот скандал

Не беше од омраза затоа што јас сум горда да доаѓам од тука и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова

Жестоки реакции на социјалните мрежи предизвика годинашната македонска претставничка на „Евросонг“, Андреа Коевска, која вечерва на отварањето на церемонијата во даден момент го фрли македонското знаме.

Таа преку видеопорака ѝ се извини на јавноста и кажа што мисли за целиот случај.

„Видов што се пишува по медиумите и едноставно не ми се верува.. Последниве неколку дена единственото нешто што го правев е што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.. Но, во момент каде што ме снимаа и фотографираа побараа да го нема македонското знаме.. Делегацијата беше навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза затоа што јас сум горда да доаѓам од тука и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова“, вели младата пејачка.

Во меѓувреме инцидентот го осуди и националниот сервис. Македонската Радио Телевизија најостро го осуди потегот на нашата претставничка која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје што е казниво со закон.

Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија и најави дека ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.

Во продолжение и ВИДЕО од инцидентот:

Следни Објави

Тоа и не е баш знаме: Калајџиев има важна порака до патриотите

Не стивнуваат реакциите по скандалозното однесување на македонската евровизиска претставничка во Торино. Андреа Коевска вчера на отварањето на церемонијата во даден момент го фрли македонското знаме, а со остра реакција реагираа и од националниот сервис. Од МРТ дури најавија и дека се разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија и […]