fbpx

Убав живот, луксуз, но и проблеми со законот: Кој е ненадејно починатиот сопруг на Николина Пишек?

Српскиот историчар на уметност, Видоје Ристовиќ, почина ненадејно на 44-годишна возраст. Тажната вест ја потврди и неговата сопруга, една од најпопуларните водителки на овие простори Николина Пишек.

Двојката ја има ќерката Уна Софија која ја доби во 2014 година. Пишек има и постара ќерка од првиот брак.

Регионалната јавност првпат слушна за Ристовиќ кога ја призна романсата со актерката Катарина Радивојевиќ, кај нас најпозната по главната улога во „Зона Замфирова“.

Сакаше убави жени и луксуз, но имаше и проблеми со законот. Во ноември 2011 година белградската полиција во текот на рутинска контрола пронајде пиштол во неговиот дом за кој не поседувал дозвола.

Следната година против него беше поведена и кривична постапка. Советуван од својот адвокат, призна вина и беше осуден на девет месеци затвор, но судот му дозволи казната да ја одлежи во сопствениот дом без можност за излегување.

Видоје Ристовиќ потекнува од богата фамилија. Неговиот татко познат по прекарот Миша Гроф се занимава со трговија на антиквитети.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Констракта со неверојатна промена: Сите го коментираат нејзиниот изглед (ФОТО)

Српската евровизиска претставничка ужива голема популарност во цел регион и највисоко котира во обложувалниците од сите поранешни ју-републики. Ана Ѓуриќ Констракта која со својата појава никого не остава рамнодушен максимално е фокусирана на настапот во Торино, а сега на „Инстаграм“ се појави нејзина фотографија од пред две децении. На сликата […]