fbpx

Ја донесовме пред три дена: Јулија открива детали за здравјето на ќерка си

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина.. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се’. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господи помилуј“.

Ова утрово го напиша на „Фејсбук“ познатата македонска пејачка, водителка и мотивациски тренер, Јулија Мациевска.

За „Женски магазин“ таа открива детали за здравјето на ќерка си. На Андријана Мациев ѝ беше дијагностициран рак на дојка пред две години. По хемотерапијата се опорави, но состојбата пак ѝ се влошила после Нова година.

Ќерка ми се бори за живот, верувам дека Бог ќе направи чудо: Пејачката Јулија ги вознемири сите

„Ја донесовме на Клиниката за онкологија пред три дена, во тешка состојба. Постојано сум покрај неа. Покрај моето девојче со предобра, чиста и искрена душа и со огромно срце. Ситуацијата ѝ се влоши после Нова Година. Немам сила ниту да зборувам, исцрпена сум од тага, од болка. Но, ќе издржам за неа и ќе се молам. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за него е возможно се. Посакувам секој на свој начин да испрати љубов, молитва и моето девојче да се дигне повторно“, раскажува Јулија за „Женски магазин“.

Следни Објави

Трагедија! Му почина и другиот син, познатиот пејач скршен од болка

Тешки мигови за легендарниот музичар Првата семејна трагедија му се случи пред седум години, а лани се соочи со уште една огромна болка која, како што вели, не му ја посакува ниту на најголемиот непријател. Ник Кејв пред неколку месеци објави дека почина неговиот 30-годишен син Џетро Лезенби. „Со огромна […]