fbpx

Ќерка ми се бори за живот, верувам дека Бог ќе направи чудо: Пејачката Јулија ги вознемири сите

Се молиме за Андријана

Познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер, Јулија Мациевска, денеска со потресен статус им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина.. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се’. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господи помилуј“, напиша таа на „Фејсбук“.

Јулија пред две години првпат проговори за болеста на ќерка си Андријана Мациев на која ѝ беше дијагностициран рак на дојка.

Ја донесовме пред три дена: Јулија открива детали за здравјето на ќерка си

Минатата година и самата Андријана даде интервју и откри со какви предизвици се соочувала во текот на лекувањето.

„Личноста кога добива болест треба да сврти кон себе, да види што сака, што ѝ годи и што ѝ пречи. Да се одбере себеси, да се прифати, да се засака. Ракот не го нарекувам „зло“ и воопшто не го нарекувам со погрдни зборови“, изјави таа.

Фото: Фејсбук

Авторски текст не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ја донесовме пред три дена: Јулија открива детали за здравјето на ќерка си

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина.. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се’. Секој на свој начин испратете љубов, испратете […]