fbpx

Тоа и не е баш знаме: Калајџиев има важна порака до патриотите

Не стивнуваат реакциите по скандалозното однесување на македонската евровизиска претставничка во Торино.

Андреа Коевска вчера на отварањето на церемонијата во даден момент го фрли македонското знаме, а со остра реакција реагираа и од националниот сервис. Од МРТ дури најавија и дека се разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија и најави дека ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.

За инцидентот свое видување на социјалните мрежи сподели и познатиот професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“, д-р Гордан Калајџиев. Тој е еден од ретките кој застана во одбрана на младата пејачка.

-Прво, девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето. Второ, тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме“ и повеќето го фрлаат по настанот. Трето, добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината и четврто, сите се јаки патриоти на прсти, а инаку „многу на број, малку за бој!-напиша Калајџиев на „Фејсбук“.

Синоќа преку ВИДЕОПОРАКА Андреа ѝ се извини на јавноста и кажа што мисли за целиот случај.

Следни Објави

Ќерка ми се бори за живот, верувам дека Бог ќе направи чудо: Пејачката Јулија ги вознемири сите

Се молиме за Андријана Познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер, Јулија Мациевска, денеска со потресен статус им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи. „Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина.. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за […]