fbpx

Тато, ќе гледам во небото и знам дека ќе ме чуваш: Потресни зборови од ќерката на Ристовиќ

Српскиот историчар на уметност, Видоје Ристовиќ, почина на 44-годишна возраст, а ненадејната смрт особено тешко ја прифати неговата ќерка од првиот брак.

Сопругот на една од најпопуларните водителки на овие простори, Николина Пишек, често објавуваше фотографии со своите чеда, а оние што го познаваа велат дека бил исклучително грижлив татко.

Лана и малата Матеа од него се простија со потресни зборови.

„Драг тато, нека нашата бескрајна љубов ти биде водилка меѓу ѕвездите, а јас ќе гледам во небото и ќе знам дека ме чуваш. Мирно патувај во небеските ширини, а мама и јас засекогаш ќе те носиме во срцата. Твојата Матеа и Лана“, стои во семејниот некролог.

Според последните информации, Ристовиќ починал за време на електротерапија, а бидејќи немал видливи повреди, се чекаат токсиколошките наоди.

Ристовиќ живееше луксузен живот, но имаше и проблеми со законот. Неговата интересна биографија ја имате ОВДЕ!

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Еве од што почина сопругот на Николина Пишек: Настанува за неколку часа, ова се симптомите!

Според наодите од обдукцијата, Видоје Ристовиќ, сопругот на популарната водителка Николина Пишек починал од акутна респираторна инсуфицијенција. Оваа состојба настанува кога лицето преку дишење не успева да обезбеди доволно кислород во крвта, а со тоа е спречен и нормален проток на истата до виталните органи. Меѓу првите симптоми кои се […]