fbpx

Пејачот на „Куку леле“ за апсењето: Ова е вистината!

Се најдов на лоши места со лоши луѓе во лошо време инволвиран во некои такви дејствија. Нешто има вистина, голем дел не е вистина.

Вака Панки од „Куку леле“ пред две години ја почна својата исповед за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Популарниот пејач кој во тој период беше уапсен на граничниот премин Евзони при обид за влез во Грција, наводно поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти за негова наводна инволвираност во мрежа која крадела податоци од банкомати, тогаш конечно проговори на оваа тема.

– По 13-14 години морав да се правдам таму некаде во западна Европа. Но, ме пуштија и тоа се’ падна во вода. Единаесет месеци морав да седам во истрага во Германија, во Минхен. Требаше да се појавам на суд сега во април, ама фати короната и тоа се одложи. Можеби онлајн ќе завршам со судот, па да можам да патувам, конечно по 15 години – раскажа во истото интервју Панки и порача дека не е криминалец и дека едноставно го нема тој код во себе.

Следни Објави

Неверување и шок: Македонската естрада завиена во црно

Фантастичен вокал замина во вечноста Во Прилеп почина Рубин Кантарџиоски-Кантар, пејачот на вокално-инструменталниот состав „Вокс“, бенд составен од музичари, автори и ентузијасти кои беа активни на рок сцената во 80-те и 90-те години на минатиот век. Во златните години за домашната музичка продукција Кантар остави трага на македонската сцена со […]