Жаклина Димитриева бара финансиска помош за телото на нејзиниот татко да се транспортира од Германија во Македонија.
Секој кој е во можност и сака да донира, тоа може да го направи на следниот начин:
Sparkasse Deutschland
Zhaklina Dimitrieva
Verwendungszweck: Spende Überführungskosten für Herr Gjorgi Milenkov
IBAN:DE 184785 0065 0100 0416 31
BIC: WELADED1GTL
Димитриева на добронамерните им се заблагодарува од срце. На останатите кои не се во можност им посакува многу здравје.
Таа со трогателна посвета се прости од татка си на социјалните мрежи.
„Татко мој најсакан.. Не си отиде од нашите срца, само го напушти овој свет. Не можевме да те сочуваме од смртта, но ќе те сочуваме од заборавот, бидејќи тие што се сакани никогаш не умираат. Патувај со ангелите, нека Господ ти ги отвори рајските порти. Почивај во мир татичко“, напиша на „Фејсбук“.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.