fbpx

Сега цртај и бои бескрајно.. Нема утеха по смртта на Андријана

По двегодишна битка со рак на дојка, почина академската сликарка Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска.

Нејзините роднини и пријатели со трогателни пораки се простуваат од неа на социјалните мрежи.

„Се бореш до последен здив, а јас верував дека ќе успее.. Денес не’ напушти уште една канцер другарка.. Ани моја, несакам да верувам дека и ти замина.. Ќе ми фали твојата поддршка премногу.. Портите во Рајот денес се широко отворени за тебе.. Сега цртај и бои бескрајно, таму ништо не боли.. Ние сите ќе ти се придружиме, која порано, која покасно, но еден ден сите твои канцер девојки ќе сме заедно“, стои напишано во една од поемотивните посвети.

Јулија пред две години првпат проговори за болеста на ќерка си. Пред три дена со потресен статус потврди дека здравјето на Андријана е влошено и побара да се молиме за нејзиното чедо.

Минатата година и самата Андријана даде интервју и откри со какви предизвици се соочувала во текот на лекувањето.

„Личноста кога добива болест треба да сврти кон себе, да види што сака, што ѝ годи и што ѝ пречи. Да се одбере себеси, да се прифати, да се засака. Ракот не го нарекувам „зло“ и воопшто не го нарекувам со погрдни зборови“, изјави таа.

Ј.П.

Фото: Фејсбук

Авторски текст не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ми се откорна од срцето, мојата единствена рожба: Потресно обраќање на Јулија

Нема утеха за познатата македонска пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска. Нејзиното единствено чедо, ќерката Андријана Мациевска, денеска ја загуби битката со ракот. „Мојот ангел одлета, ми се откорна срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена рожба, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема […]