Почина славниот холивудски актер Фред Ворд, потврдија неговите менаџери.
Починал на осми мај, но за неговата смрт се дозна дури денеска, јавуваат американските медиуми.
Ворд ја започна кариерата во 1970 година, а првата голема улога ја имаше во култниот филм „Бекство од Алкатраз“.
Публиката го памети и по остварувањата „Пат во вселената“, „Хенри и џун“, „Вистинска работа“.. Глумеше во преку 90 филмови, од драми и комедии до трилери и научни фантастики.
Сопругата Мари-Франс Ворд и синот Џанго скршени од болка побараа разбирање од медиумите во овие тешки моменти за семејството.
Ворд имаше 79 години.
Фото: Принтскрин Јутјуб/Мувиклипс
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО