fbpx

Врие на социјалните мрежи по победата на Украина на „Евросонг“: Не помагате вака!

Со убедливо најмногу гласови од телефонското гласање, Украина победи на годинашното издание на „Евросонг“ во Торино, Италија.

Иако важеа за големи фаворити на публиката, фановите на „Евровизија“ се незадоволни по „очигледниот“ триумф на Калуш Оркестра со темата „Стефанија“.

Во дискусијата се вклучија и неколку јавни личности кај нас, меѓу кои и писателката Ксенија Николова.

„Тргнете ја политиката од уметноста, ве молам. Не помагате вака. Евровизија секоја година сѐ повеќе ме разочарува и искрено-не верував дека ова може да се случи. Не верував дека толку очигледно може да се ‘намести’ победа, небаре така Европа нешто ќе поправи. Дечките се супер, ама и на нивните лица се гледаше дека им е јасно зошто победиле. За жал, најмалку на овој начин се покажува солидарност“, напиша таа на „Фејсбук“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Познатиот пејач ги избодел членовите на својот бенд: Еве што се случило! (ФОТО)

Крвава свирка Познатиот пејач Милош Стевановиќ (39) со нож избодел двајца членови од својот бенд. Жестоката расправија која завршила со масовна тепачка се случила во кафеана во српскиот град Крагуевац, а очевидци сведочат дека инволвираните во инцидентот биле видно алкохолизирани. Нападнатите музичари на возраст од 40 и од 22 години […]