fbpx

Збогум брате! Неверување и шок по смртта на Пиже, Џамбазов скршен

На 57-годишна возраст почина познатиот скопски шоумен, пејач и угостител Сашо Пижевски-Пиже.

Тажната вест ја потврди и неговиот долгогодишен пријател и соработник Игор Џамбазов.

„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скијатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: „Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив“. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате..“, напиша Џамбазов на „Инстаграм“.

Пиже со сега веќе покојниот Горан Атанасов-Зеко и со Игор Џамбазов го сочинуваа триото „Хавана Бенд“, составот кој во златните денови за македонската естрада се прослави по хитовите „Шток ми бејби“ и „Дај ми, жити се“.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Последната објава на Игор ќе ви го скрши срцето: Четири дена пред смртта го напишал ова

По кратко боледување, на 56-годишна возраст почина Игор Старовиќ, фронтменот на групата ,,Дивљи кестен”. Популарниот музичар и композитор пред само четири дена се огласил на социјалните мрежи со емотивна порака. „Само да не те сакам“ е стихот кој го споделил. Игор со бендот „Дивљи кестен“ сними пет албуми од кои […]