fbpx

Тага! Пријателите се простуваат, почина Киро Герасимов

Почина Киро Герасимов, новинар, публицист, хроничар и поет кој со својата работа во последните неколку децении остави траен белег во севкупниот живот на Кочани.

Герасимов замина во пензија од редовите на МТВ, но никогаш не му кажа збогум на Радио Кочани. Не случајно последната негова книга беше насловена „Зборува Радио Кочани“, пишува на официјалниот сајт на радиостаницата.

Киро Герасимов е роден 1951 година во Кочани. Завршил Филолошки факултет во Скопје, книжевност со македонски. Во својата богата кариера работеше како новинар-уредник во Македонската радио телевизија. Претходно беше професор по македонски јазик и директор на Центарот за културата „Бели Мугри“.

Беше автор на седумдесетина книги поезија, проза како и на книги од областа на историографијата, археологијата, театарот, музиката и спортот. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици, а собираше и народни умотворби од Источна Македонија.

Автор е на десетина сценарија за телевизиски и радио емисии за потребите на Македонската радио телевизија.

Добитник е на неколку различни признанија.

Фото: Радио Кочани

Следни Објави

Пронајдено телото на Матеј: Мобилен во џебот, а на раката го носел ОВА!

Српските медиуми пишуваат дека телото на младиот маж кое утринава околу 9:20 часот исплива кај Ада Хуја е на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит. Форензичарите се на терен и допрва се очекува идентификација преку ДНК-анализа, а „Блиц“ ексклузивно дознава дека според она со што полицијата располага во моментов голема е […]