fbpx

По смртта на ќерка си, Јулија живее за внуката: За нашиот ангел небесен (ФОТО)

Единствена утеха за Јулија Мациевска откако неодамна нејзината ќерка ја загуби битката со ракот е внуката Стефанија.

Познатата македонска пејачка, водителка и мотивациски тренер неодамна со една објава на социјалните мрежи ги расплака сите.

„На даските што живот значат-Театар Комедија, моето сонце Стефанија блескаше во улогата на Нина, величествена како вистински галеб, во претставата „Галеб“ од Чехов. Стефанија оваа улога, оваа претстава ја играше и ја посвети за својата мајка, за Андријана, за нашиот ангел небесен. Благодарност на целата екипа од претставата, за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување“, напиша таа.

На Андријана ѝ беше дијагностициран рак на дојка пред две години. По хемотерапијата таа се опорави, но во јануари состојбата повторно ѝ се влоши. Сега веќе покојната Андријана лани и самата даде интервју и откри со какви се’ предизвици се соочувала во текот на лекувањето.

Следни Објави

Телото е на Матеј Периш: Вака починало несреќното момче!

Телото кое вчера беше пронајдено околу 9:20 часот кај Ада Хуја е на исчезнатиот Матеј Периш, јавуваат српските медиуми. Причината за смртта е давење, покажала обдукцијата. „Наскоро ќе излеземе со повеќе информации“, информираат тамошните власти. Телото вчера беше извлечено од Дунав. Во џебот на фармерките бил пронајден мобилен телефон, а […]