Телото кое вчера беше пронајдено околу 9:20 часот кај Ада Хуја е на исчезнатиот Матеј Периш, јавуваат српските медиуми. Причината за смртта е давење, покажала обдукцијата.
„Наскоро ќе излеземе со повеќе информации“, информираат тамошните власти.
Телото вчера беше извлечено од Дунав. Во џебот на фармерките бил пронајден мобилен телефон, а на раката сребрен часовник, откри „Блиц“. Го пронашле морнари, а облеката (фармерки, маица и една бела патика) одговарала на гардеробата која во времето на исчезнувањето ја носеше Периш.
Матеј исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември. Потрагата по 27-годишното момче од Сплит предизвика огромен интерес во целиот регион. Истрагата ја следеа бројни шпекулации, но и теории на заговор.
СИТЕ ВЕСТИ ЗА МАТЕЈ ПЕРИШ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ!
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО