Им претстојат убави денови
Јарец
Мај ќе го заокружат на најдобар можен начин. Луѓето родени во овој хороскопски знак ќе имаат можност да покажат неверојатни работи. Ќе ги следи силна мотивација и на деловен и на личен план.
Девица
Пред нив се возбудливи денови и на сите полиња ќе почувствуваат просперитет. Значително ќе им се подобри финансиската состојба, но не треба да избрзуваат со нови инвестиции.
Бик
Слободните припадници на овој знак ќе се вљубат до крајот на мај. Оние, пак, што се во врска или брак, само ќе ги потврдат силните емоции. Кај некои од нив е можна добивка на игрите на среќа.