Трагично заврши потрагата по 27-годишниот Матеј Периш кој исчезна пред пет месеци во Белград, а откако конечно е пронајдено неговото тело допрва испливуваат нови детали за случајот кој и онака го следеа низа контроверзии.
Една од „тајните“ за која долго време се молчеше е поврзана со другарите на починатото момче од Сплит.
Во комбето со кое Матеј и неговото друштво патувале од Загреб до Белград пред трагедијата било и лице кое учествувало во нападите на ватерполистите на Црвена ѕвезда во Сплит 2019 година.
„Тоа момче не е хулиган во класична смисла на зборот. Да, учествуваше во некои инциденти каков што беше нападот на ватерполистите, имаше и некои приказни дека е близок со момчињата кои туркале автомобили со српски таблички во море, но далеку од тоа дека е криминалец“, објаснува извор од Сплит кој дополнува дека друштвото на Матеј било склоно кон некои „мангупски егзибиции“.
СИТЕ ВЕСТИ ЗА МАТЕЈ ПЕРИШ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ!
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО