fbpx

Пред да почине, Матеј пливал до ОВДЕ: Шокантна вистина по 139 дена агонија

Матеј конечно е пронајден, но дури сега почнува вистинската истрага која треба да одговори што всушност му се случило на несреќното момче

Познатиот речен рибар Ренато Грбиќ кој досега спасил десетина животи појаснува како е можно телото на Матеј Периш да не исплива речиси цели пет месеци.

„Уште на почетокот на потрагата зборував дека по мое мислење тој дошол до Панчевачки мост и дека нема шанса да помине одовде бидејќи под водата се наоѓа стара конструкција, а има и загалвени трупци. Тоа му го кажав и на татко му. Неговото тело стоело заглавено кај мостот се’ додека не порасна температурата на водата. Сега е некои 20 степени, па телото исплива на површина. За тоа придонесе и силниот ветер кој тој ден дуваше кон белградската страна, во спротивно струењето можеби би го однело на средина на реката“, појаснува Грбиќ и дополнува дека телото не можело да исплива се’ додека бактерии не го нападнале лешот.

Телото на Матеј испливало на таканаречено „проколнато место“. На Ада Хуја пред неколку години се случила сообраќајна несреќа во која животот го загубија тројца тинејџери.

Телото на Матеј завчера беше извлечено од Дунав. Во џебот на фармерките бил пронајден мобилен телефон, а на раката сребрен часовник, откри „Блиц“.

Матеј исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември. Потрагата по 27-годишното момче од Сплит предизвика огромен интерес во целиот регион. Истрагата ја следеа бројни шпекулации, но и теории на заговор.

СИТЕ ВЕСТИ ЗА МАТЕЈ ПЕРИШ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Тајната за Матеј за која досега се молчеше

Трагично заврши потрагата по 27-годишниот Матеј Периш кој исчезна пред пет месеци во Белград, а откако конечно е пронајдено неговото тело допрва испливуваат нови детали за случајот кој и онака го следеа низа контроверзии. Една од „тајните“ за која долго време се молчеше е поврзана со другарите на починатото момче […]