fbpx

Неочекувано: Еве што се случило со Матеј ноќта кога исчезнал

Трагично заврши потрагата по 27-годишниот Матеј Периш кој исчезна пред пет месеци во Белград, а откако конечно е пронајдено неговото тело допрва испливуваат нови детали за случајот кој и онака го следеа низа контроверзии.

Српските медиуми повторно потсетуваат на објавената комплетна реконструкција со цел да им се застане на патот на сите дезинформации.

Полициските службеници прегледале над сто часа материјал од сите надзорни камери од трасата по која се движел Периш, од моментот на излегување од халата Бетон, па се’ до симнувањето кон Сава од каде му се губи секаква трага.

Големо внимание во јавноста предизвика снимката на која се гледа како нешто лебди или плива во реката. Наводно е во прашање Матеј, а од друга страна имаше и шпекулации дека е во прашање некаков предмет. Исто така, се шушкаше дека тоа видео можеби и не е направено ноќта кога Периш исчезнал.

Надлежните власти ја разрешија оваа дилема. Од полицијата велат дека Матеј кружел околу ресторанот „Саванова“ пред да се упати кон шеталиштето и кон реката.

По лоцирањето на телефонот на Матеј, индикативно било движењето на еден предмет во Сава, а српската полиција дополнува дека времето и рутата на движење на објектот во Сава се поклопуваат со движењето на телефонот на Матеј.

Уште едно видео направено на 31 декември, два часа по полноќ, покажува објект што се движи низ реката кон Големиот воен остров. Од МВР додаваат дека е прегледан целиот расположлив видеоматеријал од Новобелградската страна и кон Панчевскиот мост, но дека Матеј не е забележан.

Фото: Принтскрин

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неочекувана средба: Таткото на Матеј низ солзи откри сè

Многу солзи и помешани емоции Ненад Периш, таткото на 27-годишниот Матеј, неодамна проговори за една необична средба којашто му се случила додека престојувал во Белград. „Се шетав по кеј кога еден постар човек помина покрај мене. Се погледнавме, јас не сфатив дека ме препозна и продолживме да пешачиме во круг. […]