Плаче цел регион по несреќното момче
На гробиштата Ловринац во неговиот роден Сплит, почна погребот на Матеј Периш. Во моментов телото е изложено во капелата.
Семејството се собра да го испрати на вечното почивалиште 27-годишното момче по чие тело се трагаше речиси пет месеци.
На гробиштата пристигна татко му Ненад, но и мајка му која одлучи да не се експонира во медиумите заедно со неговите сестри.
По желба на фамилијата на церемонијата присуствуваат само најблиските роднини и пријатели.
Матеј Периш ќе биде погребан на истото место каде е погребан и неговиот најдобар пријател Ивор Алуниќ кој трагично го загуби животот на мотор.
Фото: Немања Николиќ/Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО