fbpx

(ФОТО) Убиени 14 деца во Тексас, потресни сцени пред училиштето

Салвадор Рамос е 18-годишното момче кое денеска во попладневните часови уби 14 ученици и еден учител во основно училиште во Увалде, Тексас.

„Осомничениот е исто така мртов. Се’ уште не се познати мотивите за ова злосторство. Излезе од возилото. Имаше пиштол, а веројатно и пушка. Го убија полицајците кои дојдоа на лице место“, објави гувернерот Грег Абот.

Околностите под кои напаѓачот починал се’ уште не се познати.

Според досегашните сознанија, убиецот се’ одработил сам, нагласува Пит Аредондо, шефот на полицијата на Увалде.

И додека полицијата истражува, пред училиштето се собираат членови на семејствата, но и пријатели кои не можат да ја сокријат тагата на нивните лица.

Покрај загинатите, уште десетици деца се повредени, а една жена е во критична состојба. Во престрелката со убиецот ранети се и двајца полицајци.

Увалде се наоѓа на југот на Тексас на околу 130 километри од Сан Антонио. Околу 80 проценти од  над 15.000 жители на Увалде припаѓаат на латино заедницата.

Во нападнатото училиште учат деца од 3-то и 4-то одделение.

Фото: Марко Бело

Следни Објави

Ѝ погледна на смртта в лице, сè уште се бори со последиците: Пораката на Деа ќе ве расплаче

Популарната водителка на која ѝ беше откината раката конечно си ја отвори душата Три години по големата сообраќајна несреќа во која ѝ беше откината раката и која за малку ќе завршеше со фатални последици, Деа Ѓурѓевиќ признава дека и понатаму се бори со последиците. Популарната водителка на телевизија Пинк пред […]