Почина Љупчо Илиевски, еден од најистакнатите македонски фотографи кој негуваше специфичен уметнички стил со силен авторски печат.
Илиевски беше автор на повеќе самостојни изложби. Учествуваше на повеќе групни изложби во Македонија, Италија, Германија и Швајцарија. Беше присутен и на повеќе филмски фестивали.
Роден е на 30 јули 1955 година во Прилеп. Во 1984 година се вработува хонорарно во ТАНЈУГ. Во периодот од 1987 до 1993 година работи во МТВ како фоторепортер, а потоа како камерман/снимател.
Како член на „Фотоклуб 25“ учествува во повеќе групни изложби во периодот од 1980 до 1989 година. Добитник е на втора награда за колекција дијапозитиви на 14-тата Републичка изложба на фотографии и дијапозитиви во 1986 година. Во 1988 година учествувал на филмскиот фестивал во Неум со проектот „Сеќавање“.
Автор е на поштенски марки со тема „Теракотни икони по број 4“ во 1996 година и поштенски марки со тема „Кокино по број 2“ во 2007 година.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО