Богдан Гицовиќ, малиот херој кој помина низ педесет и два циклуса хемотерапии, дваесет и и осум зрачења и еден оперативен зафат, но на крај ја загуби битката со туморот, денеска ќе наполнеше седум години.
На социјалните мрежи се огласи неговата мајка и напиша потресни зборови.
„На денешен ден, пред точно седум години, се роди ангел, им донесе среќа на многумина, а секако и нам. По три години борба и насмевка, ги доби своите бели крилја и одлета во рајската градина, таму каде што повеќе нема болка и тага. Сине мој најубав, око мое црно, морковче мое, пред се’ многу ми недостигаш, постојано мислам на тебе, дури и кога спијам. Среќен ти роденден, ангелу мој бел“, напиша таа.
Непосредно по смртта на Богдан, тажна порака сподели и неговиот татко Саша.
„Со скршени срца горди сме на него, благодарни сме на Бога што го имавме, војувавме до последен здив и бевме со него до последниот час. Замина како витез, како шампион, како дете кое секогаш го носеше Бог во своето срце и чие име го носеше во неговото име. Ви благодарам на сите што бевте со нас, ви благодариме што ни помагавте, што се молевте и што со нас делевте и добро и лошо. Повторно ќе го сретнеме сите, на некое поубаво место и во некое поубаво време. Амин“, напиша тој.
Фото: Фејсбук
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.