fbpx

Се огласи девојката на Матеј: Конечно проговори за тешката траума

Почивај во мир божји, наш преубав ангелу! Со овие зборови од Матеј Периш се прости неговата девојка Сања која цело време додека траеше потрагата по 27-годишното момче од Сплит се држеше понастрана од медиумите.

Таа претходно се огласи само еднаш, а во таа прилика откри интересен детаљ од животот на Периш. Конкретно, таа проговори за тешката траума со која се соочил Матеј кога пријател му загинал пред очи.

„По овој немил настан не отиде на психолог, беше сосема нормален. Не пиеше лекови, апсолутно ништо. По трагедијата ме праша: „Мислиш ли дека ова ќе остави последици на мене?“. Му реков дека ќе видиме, дека ќе следиме и дека ќе побараме стручна помош ако затреба. Меѓутоа, навистина немаше потреба од тоа“, раскажа Сања.

И неговите баба и дедо со кои останал да живее по разводот на родителите, за хрватските медиуми потврдија дека оваа трагедија тешко ја поднел.

„Беше тоа два месеца пред да исчезне. Се возеа на мотори, неговиот другар удри во тротоар.. Матеј беше позади него..“, изјавија тие.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Фала му на Бога што те имавме: Трогателни зборови за малиот Богдан

Богдан Гицовиќ, малиот херој кој помина низ педесет и два циклуса хемотерапии, дваесет и и осум зрачења и еден оперативен зафат, но на крај ја загуби битката со туморот, денеска ќе наполнеше седум години. На социјалните мрежи се огласи неговата мајка и напиша потресни зборови. „На денешен ден, пред точно […]