Во сон почина легендарниот холивидски актер Реј Лиота, пренесуваат американските медиуми.
Ѕвездата од култниот мафијашки филм „Добри момци“ престојувал во Доминиканска Република каде што работел на новиот проект.
Лиота беше еден од најпочитуваните актери на големото платно. Неговата животна приказна е навистина филмска. Како бебе бил оставен во сиропиталиште пред да биде посвоен од автомеханичар.
Уште на почетокот на кариерата се наметна како голем талент. Филмското деби во „Нешто диво“ од 1986 му донесе и номинација за Златен глобус.
Лиота наскоро требаше да се ожени со својата партнерка Џејси Нитоло.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО