fbpx

Гламур во Петровец: Познатите Македонки блеснаа во црно (ГАЛЕРИЈА)

На 17 километри од Скопје во познат хотел во Петровец синоќа се собраа бројни познати личности на гламурозната прослава што ја организираше магазинот „Убавина и здравје“.

Омилениот часопис на женската публика славеше 14 години од излегувањето на првиот број, а присутните уживаа во коктел-забава со атрактивни музички настапи.

Она што привлекува најмногу внимание на вакви настани како и секогаш е модниот избор на гостите. Познатите Македонки очигледно играле на сигурна карта, па речиси сите се појавија во црно.

Водителката Лила Стојановска се појави во интересно друштво
Поранешната мисица Вера Мештеровиќ сега е заштитно лице на Канал 5
Пејачката Елена Ристеска често ја гледаме во црно
Пејачката и водителка Бојана Скендеровски со сопругот
Водителката Јована Стојменовиќ е уредничка на „Убавина и здравје“

Фото: Фексбук-профил на Убавина и здравје

Ј.П.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ослободете се од мравките во домот: Решението е само 10 денари

Сода и шеќер Промешајте ги додека не добиете хомогена смеса. Потоа истата ставете ја на критичните места да отседи едно деноноќие. Цимет Мравките не го поднесуваат мирисот на циметот и за миг ќе ги снема. Постапката е иста, лоцирајте го местото и оставете го циметот да делува едно деноноќие. Краставица […]