fbpx

Духовен водач: Благица го покажа мажот што ѝ го храни срцето (ФОТО)

Љубовниот живот на Благица Павловска последниве години е вистинска мистерија.

Познатата пејачка прашањата за емотивниот статус мудро ги одбегнува.

Таа пред повеќе од две години откри дека е исполнета и среќна и дека конечно си го пронашла мирот покрај човекот на нејзиниот живот.

– Тале ми е духовен водач, тој е мојата сродна душа. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно – раскажа Павловска во една прилика.

Не знаеме дали овој човек се’ уште ѝ е рамо за плачање, но и најголема поддршка, но едно е сигурно-легендарната фолкерка едноставно блеска и никогаш не била поубава.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Свадбата на Бочварски во Штип: Која е избраничката на министерот?

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, синоќа се ожени во родниот Штип. Првите фотографии од венчавката ги објави Андријана Николовска, сопругата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. „Ви благодариме што ни дозволивте да го споделиме вашиот посебен ден. Ви ја посакуваме целата среќа на светот“, напиша таа […]