fbpx

Свадбата на Бочварски во Штип: Која е избраничката на министерот?

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, синоќа се ожени во родниот Штип.

Првите фотографии од венчавката ги објави Андријана Николовска, сопругата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Ви благодариме што ни дозволивте да го споделиме вашиот посебен ден. Ви ја посакуваме целата среќа на светот“, напиша таа на „Фејсбук“.

Бочварски и неговата избраничка Маринела Серафимова, инаку ќерка на познат штипски угостител, се верија лани во август.

„Со Маринела сме заедно околу една година и требаше ова да се случи. Нема посебен датум за да го направам ова, така одлучив. Претходно бевме на вечера во ресторан и малку разговаравме на оваа тема, но не открив пред неа детали што ќе се случува подоцна. Раката и ја побарав кога се вративме дома. Немаше посебни романтики, не клекнав кога ја запросив, едноставно додека разговаравме се случи моментот, го покажав прстенот. Не сметавме дека треба да има апарати и камери, туку само ние двајца да си дадеме збор, затоа и немаме слики. Беше навистина убав момент и чекор и за двајцата. Бевме заедно на одмор, но, сепак, се одлучив да ја запросам тука дома. Искрено јас и Маринела извесно време правиме муабет за нашата иднина. Затоа таа и очекуваше, но не знаеше кога и беше изненадена“, раскажа министерот лани за ММС.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тага! Почина познатиот актер, семејството моли за приватност

Почина популарниот актер Бо Хопкинс. Тажната вест е објавена на неговиот официјален сајт, пренесува магазинот „Верајети“. Хопкинс се прослави по улогите во филмските класици „Американски графити“, „Полноќен експрес“ и „Бекство“. „Со голема тага ве информираме дека Бо почина. Семејството моли за приватност во овие тешки мигови“, стои во официјалното соопштение. […]