fbpx

Фановите плачат: Касандра заврши во болница (ФОТО)

Фановите се загрижени за нејзиното здравје

Хоспитализирана е Кораима Торес, славната актерка од Венецуела која се прослави по улогата на Касандра во истоимената серија.

Таа предмалку се огласи на социјалните мрежи и објасни што се случило.

„Завршив во болница поради респираторни проблеми. Добив соодветна терапија и конечно се враќам дома. Сега ќе се чувам многу повеќе. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Кораима.

На глумицата која во деведесеттите беше голема ѕвезда и кај нас, во 2018 година ѝ беше дијагностициран бениген рак на дојка. Оттогаш постојано ја подига свеста за редовни контроли, храбро објавувајќи и фотографии.

„Сакам да ви соопштам дека мамографијата и ултразвукот на дојките помина добра. Поради туморот морам да правам прегледи на секои шест месеци. Кога правам самопреглед со допир, не ми е лесно, бидејќи постојано сум под притисок. Но, важно е да го правите и ова, барем еднаш месечно. Не заборавајте дека оваа рутина може да ви го спаси животот“, лани им порача на фановите 47-годишната Торес.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нискомозочно суштество: Тони Михајловски удри по Стојанче Ангелов

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по изјавата на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, која ја даде денеска откако изби голем пожар во Тетово. „Гледав пред некој ден сличен ваков пожар во Америка и беа поспори од нас“, рече Ангелов одговарајќи на новинарско прашање зошто порано […]