fbpx

Нискомозочно суштество: Тони Михајловски удри по Стојанче Ангелов

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по изјавата на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, која ја даде денеска откако изби голем пожар во Тетово.

„Гледав пред некој ден сличен ваков пожар во Америка и беа поспори од нас“, рече Ангелов одговарајќи на новинарско прашање зошто порано не била донесена одлука за интервенирање од воздух.

На оваа изјава остро реагира актерот и политичар Тони Михајловски.

„Деца, на вакви политички кловнови мислам кога ќе кажам “палете патиките”. И на оној синдикалец што се договори со циркусот наречен „Влада на Северна Депонија“. Нискомозочно суштество што гледа американски пожари, мери време и се трка со нив. Со ФАП од ‘56. Е тој летово ќе не штити од пожари и други катастрофи. Катастрофа“, напиша тој на „Фејсбук“.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Познатиот пејач почина ненадејно: Само неколку часа пред трагедијата го објавил ОВА!

Лекарите биле беспомошни Популарната боливудска ѕвезда, Кришнакумар Кунат, почина во мај годинава во Калкута. Како што пренесоа странските медиуми, познатиот пејач и актер едноставно се срушил во хотелот во кој се вратил по едночасовниот концерт кој поминал фантастично кај публиката. Лекарите реагирале бргу, но биле беспомошни. „За жал, не можевме […]