Ќерка ѝ Зорица го носи нејзиното име
Ирена Спировска ретко зборува отворено за приватниот живот. Сепак, заштитно лице на телевизија „Алфа“ во интервју за „Женски магазин“ кое ѝ го направи познатата македонска поетеса Ана Бунтеска одлучи да си ја отвори душата и конечно да проговори на некои „забранети“ теми.
Освен за долгогодишниот партнер Душко во кој, како што вели, се пронашла себе си, Спировска зборува и за мајка си која го напуштила овој свет кога таа имала само десет години. Ќерка ѝ Зорица го носи нејзиното име.
„Мојата мајка почина многу млада, кога имаше само 35 години, па за жал големиот дел од спомените се тажни и поврзани со периодот кога таа и нашето семејство се соочуваше со тешката болест. Не можам да кажам точно во колкава мера сум ги наследила нејзините карактерни особини затоа што не сум имала можност добро да ги осознаам и запаметам на таа возраст, но затоа можам да кажам дека изгледот го имам наследено од неа во целост“, раскажува Ирена за „Женски магазин“.
Фото: Фејсбук