fbpx

Утре е голем и тежок ден: Само ОВА е лек за душата и телото!

Православните христијани утре, 3 јуни, го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите.

Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп Св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

СЕ ВИКАМ ЕЛЕНА: ОТКРИЈТЕ ГО ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЕТО ИМЕ!

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш ги рехабилитира душата и телото, но најмногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание, Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот Свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, ѝ пораснала убава и густа коса.

„Оттогаш на празникот на Свети Елена и Константин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу“, заклучува народниот раскажувач.

Следни Објави

Имаше само 35 години: Ирена Спировска проговори за починатата мајка

Ќерка ѝ Зорица го носи нејзиното име Ирена Спировска ретко зборува отворено за приватниот живот. Сепак, заштитно лице на телевизија „Алфа“ во интервју за „Женски магазин“ кое ѝ го направи познатата македонска поетеса Ана Бунтеска одлучи да си ја отвори душата и конечно да проговори на некои „забранети“ теми. Освен […]