fbpx

Драга моја, победивме: Адвокатката Катерина Котеска ги крена сите на нозе

Денес го добив предметот за битолската “Јавна соба”.

Жена беше изложена на срам со јавно објавување на интимни фотографии, за кои преживеа голгота, а наместо овој чин да се осуди, беше предмет на јавен потсмев. Обвинетиот ќе биде казнет, а жртвата-жена ќе добие отштета.

Горда сум што еден ваков случај кој го водев по чл.152,став 2 и чл.144, став 1 го добив во кариерата, особено што во најтешките моменти на жртвата сите ѝ свртеа грб и никој не сакаше да се нафати да ѝ помогне.

Особено горчина во душата ми остана кога вешто лице-жена не сакаше да вештачи, а најдобрата другарка-жена ѝ го сврте грбот и не сакаше да сведочи.

Драга моја, победивме! Докажавме дека никој не смее да ја злоупотребува довербата на никој, дека една ваква злоупотреба на доверба не е причина за пуштање скриншотови во инбокс и пишување по „шестопарачни“ портали, туку е нешто што уништува животи.

МОЖЕБИ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА:

Имаше само 35 години: Ирена Спировска проговори за починатата мајка

Никој не смее да објавува ништо пратено во доверба! Сите што ќе се обидат, ќе бидат казнети!

Ти се воодушевувам на истрајноста што издржа до крај. Јас дадов се’ од себе. Правдата е секогаш на вистинската страна со вистинската подршка. Да не се повторува!

Фејсбук-статус на Катерина Котеска, адвокат

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Огромна тага! Почина холивудскиот актер, една работа ги шокира сите

Почина американскиот актер Бред Џонсон, информираат американските медиуми. Причината за смртта е Ковид-19, пишува „Холивуд рипортер“. Актерот починал на 18 февруари, но неговата смрт е дури денес официјално потврдена за јавноста. Џонсон во 1986 година дебитираше во серијата „Далас“. На големото платно се прослави во филмот Always кој го режираше […]