fbpx

Принцот Хари лут како рис: Со Меган пристигнаа во Лондон, кралицата Елизабета ова строго им го забрани!

Ова нема никогаш да ѝ го прости

Кралицата Елизабета Втора слави јубилеј од 70 години на престолот. Прославата започна вчера и ќе трае до недела, а едно од случувањата беше и традиционалното собирање на балконот на Бакингемската палата.

Специјално за оваа прилика за првпат од Америка допатуваа Принцот Хари и сопругата Меган Маркл со двете деца Арчи и Лилибет, откако пред две години се откажаа од кралските должности. Сепак, за нив немаше место на терасата, откако минатиот месец кралицата објави дека на истата ќе се појават само вработените членови на најпознатото британско семејство.

Хари и Меган парадата ја следеа од канцеларијата на генерал-мајорот заедно со другите внуци на кралицата Елизабета кои не учествуваат во поворката со кочии, како што е принцезата Беатрис.

Британските медиуми пишуваат дека средбата на Хари со кралското семејство поминала тензично, иако и двете страни се обидувале да бидат љубезни. Она од што најмногу се разочарал Хари била одлуката на кралицата, откако тој поведе постапка против британското Министерство за внатрешни работи поради одземената постојана полициска заштита кога се одрече од кралскиот живот.

Хари ѝ постави ултиматум дека нема да се појави на прославата доколку тој и неговото семејство не добијат обезбедување. Кралицата тоа го одобри, но само за официјални кралски случувања, а не и за приватни активности како што се одење во ресторан, шопинг или прошетка.

Ова му било соопштено на Хари дури кога слетал во Лондон, па повеќе немал простор за предомислување, информираат тамошните медиуми.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Драга моја, победивме: Адвокатката Катерина Котеска ги крена сите на нозе

Денес го добив предметот за битолската “Јавна соба”. Жена беше изложена на срам со јавно објавување на интимни фотографии, за кои преживеа голгота, а наместо овој чин да се осуди, беше предмет на јавен потсмев. Обвинетиот ќе биде казнет, а жртвата-жена ќе добие отштета. Горда сум што еден ваков случај […]