fbpx

Нема крај: Еве за колку поскапуваат горивата!

Од полноќ ново поскапување на цената на горивата. Ова следува откако денеска заседаваше регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар по литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари, а  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 110 денари за литар, а 112 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе чини 102 денари, а Естра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 99,50 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,868 ден/кг и килограм ќе се продава за 55,508 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени за 1,30  проценти во однос на одлуката од 3-ти месецов.

Следни Објави

Моја сила, светлост, сјај.. Калиопи скршена по смртта на татка си

Калиопи сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Македонската поп-дива со трогателна посвета се прости од татка си. „Тато мој… Моја сила, светлост, сјај… Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш….“, […]