fbpx

Шакира и Пике се разделија поради оваа жена: Тоа што го кажа ги шокира сите! (ФОТО)

По ненадејната разделба на Шакира и Пике, конечно се огласи и девојката која тврди дека му била љубовница на одбранбениот играч на Барселона

Поп-ѕвездата Шакира и славниот шпански фудбалер Жерар Пике ставија крај на нивната 12-годишна врска од која имаат и два сина.

Се шпекулира дека главна причина за разидувањето е наводното неверство на Пике, а некои медиуми пренесуваат дека Шакира го фатила „на дело“ со доста помлада хостеса.

И додека трае вревата околу нивната разделба, се огласи една навивачка на Барселона која тврди дека Пике ѝ испраќал непристојни понуди, но дека досега молчела поради огромната почит која ја имала кон Шакира.

„Единствен играч на Барса кој никогаш не се оденсувал недолично е Меси. Тој човек си ја почитува жената. А Шакира дефинитивно не го заслужи ова“, изјави таа.

Станува збор за атрактивната Бразилка Сузи Кортез која објаснува дека Пике го добил нејзиниот број од поранешниот претседател на клубот, Сандро Росел.

„Се интересираше кога ќе допатувам од Бразил во Европа. Секогаш ме прашуваше за задникот, се интересираше колку ми е голем, но и му пречеше што Меси добива толкаво внимание од мене“, дополнува таа.

Дали оваа фатална бринета ја кажува вистината или е само желна за медиумско внимание, допрва ќе дознаеме.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нема крај: Еве за колку поскапуваат горивата!

Од полноќ ново поскапување на цената на горивата. Ова следува откако денеска заседаваше регулаторната комисија за енергетика. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар по литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари, а  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 2,50 денари по […]