fbpx

Мила моја Снеже, прости ми: Ова е убиената медицинска сестра, ѝ пресудил додека ја косела тревата (ФОТО)

Трагедија го потресе регионот

Во општината Барајево во Белград животот трагично го загуби 47-годишната Снежана С.

Според првичните сознанија, ѝ пресудил маж кој откако крвнички ја избодел, си го исекол гркланот.

Пред семејната куќа прва стигнала мајката на Снежана.

„Мила моја Снеже, прости ми“, извикувала несреќната жена скршена од болка.

Снежана работела во здравствен дом и била омилена колешка. Одамна била разведена и има две деца.

Соседите се во шок по немилиот настан.

„Не знаеме детали, но тој човек доаѓаше кај неа бидејќи беа во емотивна врска. Пред некое време го остави, па тој се појави денес да испијат кафе и да побара прошка. Сепак, на крајот ѝ пресуди“, раскажуваат тие.

Според очевидци на настанот, свирепото убиство се случило додека Снежана ја косела тревата.

Истрагата е во тек.

Фото: Фејсбук

Tекстoт не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Таткото кој си ги уби трите деца осуден на 50 години: Кој е монструмот Копиц?

Таткото кој си ги уби трите деца, Австриецот Харалд Копиц, во Жупанискиот суд во Загреб беше осуден на половина век затвор. Во веројатно најкраткото судење во историјата на хрватското правосудство, Копиќ зад затворени врати се изјасни за виновен за тројното тешко убиство, пишпуваат тамошните медиуми. Судијката Ива Градишки Ловречек ја […]