fbpx

Таткото кој си ги уби трите деца осуден на 50 години: Кој е монструмот Копиц?

Таткото кој си ги уби трите деца, Австриецот Харалд Копиц, во Жупанискиот суд во Загреб беше осуден на половина век затвор. Во веројатно најкраткото судење во историјата на хрватското правосудство, Копиќ зад затворени врати се изјасни за виновен за тројното тешко убиство, пишпуваат тамошните медиуми.

Судијката Ива Градишки Ловречек ја објави неправосилната пресуда. Копиц е осуден на 27 години затвор за секое поединечно убиство, што се комбинира во максимална можна казна од 50 години.

На крајот на септември минатата година, 56-годишниот Харлад Копиц си ги уби своите три чеда на возраст од четири до седум години.

Станува збор за австриски државјанин, угледен финансиски консултант кој живеел и работел во Загреб. Со сопругата биле разведени, а децата кобниот викенд биле кај него на гости.

Во својот последен статус на „Фејсбук“ напишал: „Збогум на сите“, а како мотив ги навел нарушените односи со бившата сопруга и сегашната партнерка.

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тага! На 38 години почина славната манекенка, причината за смртта ги расплака сите!

„Душо мила, прерано замина“, коментираат нејзините фанови скршени од болка Славната манекенка Паша Блисдел почина на 38-годишна возраст. Магазинот „Пипл“ информира дека причината за смртта на познатата убавица е тумор на мозокот. Паша пред точно две децении стана голема ѕвезда откако ја доби главната улога во спотот на американскиот рапер […]