fbpx

Скршена е: Мајката на Кристина со нови детали за смртта на ќерка си

Поминаа точно шест месеци откако познатата инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ беше пронајдена мртва во својот стан.

Останаа неутешни мајка ѝ и сестра ѝ, но и бројните пријатели кои често го посетуваат нејзинот гроб.

Семејството се’ уште живее во агонија и бара одговор што навистина се случило кобната ноќ.

На „Инстаграм“ сега се огласи и Наташа, мајката на покојната блогерка.

„Денеска е точно половина година откако ја нема нашата Кика, а ние се’ уште не можеме да ги земеме нејзините работи. Душата не’ боли, срцата ни се скршени, а што навистина се случило се’ уште не знаеме“, напиша таа.

Кристина која на „Инстаграм“ ја следеа повеќе од 350.000 луѓе, последните години отворено се бореше со осудувања и критики.

По нејзиното самоубиство медиумите, но и властите почнаа да го истражуваат жестокиот конфликт кој го имаше со Бака Прасе, еден од највлијателните јутјубери на овие простори.

Родена е во Белград на 25 јули 2000 година.

Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тага до небо! Почина 15-годишното момче кое нѐ обедини сите

Ова мило дете сега е на некое поубаво место Почина Фарук Табаковиќ, 15-годишното момче од Босна кое не’ обедини сите и за кое цел регион собираше средства на социјалните мрежи. Тој ја изгуби битката со тумор на мозокот кој му беше дијагностициран пред четири години, потврдија сараевските медиуми. „Искрено сочуство […]