fbpx

Естрадата во шок: Убиен познатиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО/ВИДЕО)

Во заседа, утрово во Холандија е убиен фолк-пејачот Енвер Мики Колашинац, пишуваат регионалните медиуми.

Тажната вест ја потврди и неговата сестра Аиша.

„Брате мој, ја примив оваа вест дека прерано не’ напушти, дека те убиле проклетниците. Душата ми е скршена. Ме остави, но засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сега си на оној свет со нашиот татко“, напиша таа на социјалните мрежи.

Колашинац е од Нови Пазар, а последните години престојуваше во Холандија и во Австрија. Беше исклучително талентиран музичар кој своевремено се натпреваруваше и во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

За оваа продукција ја издаде и песната „Дуго, дуго смо се тражили“ која можете да ја слушнете во продолжение.

Фото: Принтскрин Јутјуб

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неверување по смртта на Александар и Викторија: Тоа што ги „уби“ сите го јадеме

Роднините на руската двојка Јакунун, Александар и Викторија не можеле да ги добијат неколку дена на телефон. На крај, мобилниот го кренала нивната петгодишна ќерка. Девојчето рекло дека нејзините родители веќе долго време спијат, но и дека татко ѝ ја променил бојата на лицето. Таа цело време се грижела за […]