fbpx

Разочаран гастарбајтер: Не можеше повеќе да издржи, ОВА сериозно боли!

Секој месец праќаме пари, затоа што повеќе од половина роднини се невработени. Тие нам не’ доживуваат како магионичари и јас таа слика не можам да им ја расипам, раскажува сараевчанец кој живее и работи во Германија

Еден гастарбајтер одлучи да открие како изгледа животот далеку од земјата во која е роден. Многумина мислат дека во дијаспората е многу полесно, дека иселениците мора да им помагаат на роднините во татковината и дека тоа не им претставува значителен трошок. Но, не е се’ како што изгледа. 

БМВ-то го купив на старо и го чував во гаража до летото кога ја посетив татковината, затоа што во Германија одам на работа исклучиво со воз, а на пазар со велосипед. Купив нови фелни и навлаки за седиштата за да изгледа како нов – открива Аднан М. кој по потекло е од Зворник.

Раскажува дека жена му и децата купиле куп маички, здолништа и пантолони, но и уште некои ситници на распродажба, па по инсистирање на ќерка му ги препакувале во украсни кеси, а цените ги искинале за да не видат роднините колку се платени. 

Ја зедовме целата годишна заштеда, жена ми малку отиде во минус на картичката, па дојдовме тука, да се одмориме и да се вратиме со празни џебови. Секој месец праќаме пари во Босна, затоа што повеќе од половина роднини се незапослени, а и тие малку што работат или што земаат пензија, кога ќе платат сметки ништо не им останува. Тие нам не’ доживуваат како магионичари и јас таа слика не можам да им ја расипам. Порано се обидував да им објаснам дека тешко заработтувам, но моиве ко глуви, ко да не сакаа да слушнат. Мислат дека во туѓина ми врнат пари од небо. Помалку сум уморен од се’, од тоа што се претворив во банкомат – искрен е Аднан.

Наведува и неколку други сонародници, кои истотака работат во странство и пред да се вратат во Босна се задолжуваат со мали кредити како би биле тоа што од нив се очекува да бидат – да ги подмират апетитите на својата блиска и далечна фамилија.

Дури има еден интересен податок, а тоа е дека босанската дијаспора годишно праќа околу 1,75 милијарди евра, што претставува 30% од БДП-то на Босна. 

Се додека даваме пари не’ сакаат, а инаку сме сељаци. Ни се смеат зад грб. Некогаш стануваат и си одат, а некогаш го коментираат нашиот нагласок кога ќе уфрлиме странски збор – завршува тој.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Естрадата во шок: Убиен познатиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО/ВИДЕО)

Во заседа, утрово во Холандија е убиен фолк-пејачот Енвер Мики Колашинац, пишуваат регионалните медиуми. Тажната вест ја потврди и неговата сестра Аиша. „Брате мој, ја примив оваа вест дека прерано не’ напушти, дека те убиле проклетниците. Душата ми е скршена. Ме остави, но засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сега […]