fbpx

Неверување по смртта на Александар и Викторија: Тоа што ги „уби“ сите го јадеме

Роднините на руската двојка Јакунун, Александар и Викторија не можеле да ги добијат неколку дена на телефон. На крај, мобилниот го кренала нивната петгодишна ќерка.

Девојчето рекло дека нејзините родители веќе долго време спијат, но и дека татко ѝ ја променил бојата на лицето. Таа цело време се грижела за братот кој имал само една година.

Наталија, сестрата на Александар, на руските медиуми им раскажа дека веднаш по тој повик се упатила во нивниот стан.

„Кога видов што се случува, паднав и почнав да врескам“, изјави таа.

По доаѓањето на Итната помош е утврдена причината за смртта.

Неколку дена пред несреќниот настан, Александар и Викторија добиле од неговата баба тегла со домашна туршија. Докторите се сомневаат дека токсин од киселите краставички бил пресуден за трагедијата. Истиот предизвикува парализа и во најлош случај откажување на органите за дишење.

Комшијата Михаил Комченко ѝ рекол на полицијата дека алкохол не е причина за труењето, бидејќи двојката не го конзумирала.

За децата моментално се грижи таткото на Александар.

Фото: Вконтакте

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Рана која пече: Огромна тага позади насмевката на славната актерка

Со ликот на Габриела привлече огромно внимание кога првпат на екраните беше емитувана необичната американска серија „Очајни домаќинки“. Ева Лонгорија преку ноќ стана голема ѕвезда и една од најангажираните латино-ѕвезди во Холивуд. Сепак, позади нејзината препознатлива насмевка со години ја криеше од фановите болната вистина. И покрај многуте предизвици, остана […]