fbpx

Александра пронајдена мртва: Таткото во шок, една работа ги збуни сите (ФОТО)

Александра Петровиќ (23) од околината на Шабац почина под мистериозни околности во еден мотел во Република Српска, а тамошната полиција ја истражува нејзината смрт.

Според првичните неофицијални информации, Александра пред две недели со момчето отпатувала во Бијељина кое на полицијата ѝ раскажало дека својата девојка ја затекнал обесена во бањата во собата во која што решиле да преноќат.

„Трагичниот случај во полиција го пријавил лекар од Итната помош кој кобната ноќ бил повикан од рецепционерот кој, пак, ја пронашол Александра пред мотелот, бидејќи таму, наводно, ја изнел нејзиниот партнер откако ја пронашол мртва во бањата“, раскажува вработен во мотелот.

Момчето на починатата девојка веќе дал исказ во полиција. Телото е предадено на обдукција, а надлежните треба да утврдат дали навистина станува збор за самоубиство.

Рајко Петровиќ, таткото на Александра, вели дека неговата ќерка со години се забавувала со момчето кое ја пронашло мртва.

„Колку што знам, долго време беа пар и често патуваа. Не сакам да коментирам за трагедијата пред да пристигнат резултатите од обдукцијата. Мојата ќерка беше убавица каква што нема во нашиот крај. Во основно и во средно училиште учествуваше на разни натпреварувања, има освоено преку 25 златни медали“, раскажува таткото скршен од болка.

Тој на медиумите им призна дека со ќерката не бил во контакт последните две години, но дека во разговор со нејзините пријатели сфатил дека таа не оставала впечаток на личност која самата би си пресудила.

„Се разведовме со нејзината мајка, па таа ми се налути и не дозволуваше да комуницирам со Александра“, открива тој.

Видно вознемирен го искоментира и прашањето на новинарите за тоа што мисли за момчето на сега веќе покојната ќерка.

„Дали е виновен, тоа навистина не знам. Само знам дека тој ќе продолжи со животот, ќе пронајде друга девојка, а моето дете, мојот ангел е под земја и јас тука не можам повеќе ништо да направам“, вели тој.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почина мајка на шест сина: Сопругот Иван со потресни зборови

Нова трагедија го потресе регионот. Ненадејно почина 36-годишната Верка Никиќ, мајка на шест деца. Иако последната година имала заболувања на срцевите залистоци, оваа домаќинка функционирала нормално и никој во семејството не очекувал фатален исход, пишуваат српските медиуми. Скршен од болка, во јавноста се огласи нејзиниот сопруг Иван кој вели дека […]