fbpx

Почина мајка на шест сина: Сопругот Иван со потресни зборови

Нова трагедија го потресе регионот. Ненадејно почина 36-годишната Верка Никиќ, мајка на шест деца.

Иако последната година имала заболувања на срцевите залистоци, оваа домаќинка функционирала нормално и никој во семејството не очекувал фатален исход, пишуваат српските медиуми.

Скршен од болка, во јавноста се огласи нејзиниот сопруг Иван кој вели дека ја изгубил љубовта на својот живот, својата животна сопатничка и најмилата личност што воопшто ја познавал.

„Ја изгубив жената која ми подари шест сина. Очаен сум, но против судбината и против Бога не се може. Се’ уште сум во голем шок и не можам да поверувам дека останав без мојата Верка. Искрено, не знам како ќе продолжиме понатаму“, вели тој.

Иван објаснува дека Верка имала одредените срцеви проблеми и дека тоа им било фамилијарно. Како што вели, татко ѝ починал од срце на 41 година.

Верка и Иван се земале многу млади, коментираат роднините. По три години забавување, се венчале кога и двајцата имале по 22 години и набрзо го добиле првиот син Немања.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија тагува: Беше омилен колега, почина Дамјановски

На 66-годишна возраст синоќа почина Чедомир Дамјановски, јавува „Телма“. Дамјановски беше вработен во една од службите во Собранието како помошник раководител на сектор-работни тела. За малку не го дочека пензионирањето. „Беше омилен колега на службениците во Парламентот“, коментираат оние што го познаваат. Дел од својата работна кариера Чедомир ја помина […]