fbpx

Македонија тагува: Беше омилен колега, почина Дамјановски

На 66-годишна возраст синоќа почина Чедомир Дамјановски, јавува „Телма“.

Дамјановски беше вработен во една од службите во Собранието како помошник раководител на сектор-работни тела. За малку не го дочека пензионирањето.

„Беше омилен колега на службениците во Парламентот“, коментираат оние што го познаваат.

Дел од својата работна кариера Чедомир ја помина како член на Комисијата за верификација на факти, позната и како Лустрациска комисија. Тој беше член на првиот состав на комисијата до 2014-та година и во јавноста беше познат како критичар на дел од одлуките за лустрирање за кои сметаше дека имаат политички карактер на реваншизам, а не служат за помирување во општетсвото.

Иако се кандидираше и за втормандат, Собранието не го избра и и во 2014-та Дамјановски се врати на служба повторно во Собранието.

Следни Објави

По новите гради, сега и нов живот за атрактивната Македонка: Која е Елеонора Миљковиќ?

Поранешната учесничка во реалното шоу „Задруга“, Елеонора Миљковиќ, доби дијамантски прстен и кажа „ДА“. Радосната вест самата ја сподели на „Инстаграм“ каде што ја следат неверојатни 132 илјади луѓе, бројка која за многу наши пејачки, актерки и водителки се’ уште е само сон. Миљковиќ е дипломиран правник, а според она […]