fbpx

Бугарите со нова „бомба“: Оваа Македонка ги раздели Шакира и Пике!

Познатата македонска блогерка и модел Драгана Спасовска е жената поради која поп-ѕвездата Шакира и славниот шпански фудбалер Жерар Пике ставија крај на нивната 12-годишна врска од која имаат и два сина, тврдат бугарските медиуми.

Тамошните портали за Спасовска пишуваат дека е модел од Пловдив која веќе подолго време живее и работи во Дубаи.

„Фокус“ успеа да стапи во контакт со Драгана која е родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка.

„Нормално дека се познаваме со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Во Бугарија веќе се објавија и фотографиите.. Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Апсолутно ништо во врска со него сега не смеам да изјавувам и да давам никаков коментар. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период, се надевам дека ме разбирате“, вели Спасовска за „Фокус“.

Пред само две недели се огласи уште една убавица која тврди дека му била љубовница на одбранбениот играч на Барселона.

Една навивачка на Барселона тврди дека Пике ѝ испраќал непристојни понуди, но дека досега молчела поради огромната почит која ја имала кон Шакира.

Станува збор за атрактивната Бразилка Сузи Кортез која објаснува дека Пике го добил нејзиниот број од поранешниот претседател на клубот, Сандро Росел.

„Се интересираше кога ќе допатувам од Бразил во Европа. Секогаш ме прашуваше за задникот, се интересираше колку ми е голем, но и му пречеше што Меси добива толкаво внимание од мене“, раскажа таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија во Холивуд: На 18 години почина познатиот актер, еве што се случило

Американскиот актер Тајлер Сандерс почина во својот дом во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми. Ѕвездата од серијата Fear the Walking Dead имаше само 18 години. Тајлер се прослави по улогата во серијата 911: Lone Star каде играше покрај легендарниот Роб Лоу. Почна да глуми на десетгодишна возраст, а критичарите имаа […]