fbpx

По новите гради, сега и нов живот за атрактивната Македонка: Која е Елеонора Миљковиќ?

Поранешната учесничка во реалното шоу „Задруга“, Елеонора Миљковиќ, доби дијамантски прстен и кажа „ДА“.

Радосната вест самата ја сподели на „Инстаграм“ каде што ја следат неверојатни 132 илјади луѓе, бројка која за многу наши пејачки, актерки и водителки се’ уште е само сон.

Миљковиќ е дипломиран правник, а според она што го гледаме на социјалните мрежи, добро заработува и преку продажба на облека. Не крие дека има направено естетски корекции, па неодамна се пофали со новите гради.

Многу од нејзините фанови ја споредуваат со Ким Кардашијан, алудирајќи на нејзините раскошни облини.

По напуштањето на „Задруга“, Елеонора уште некое време остана во Србија каде прифати да води временска прогноза.

Фотографии од магичното запросување погледнете во продолжение!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Бугарите со нова „бомба“: Оваа Македонка ги раздели Шакира и Пике!

Познатата македонска блогерка и модел Драгана Спасовска е жената поради која поп-ѕвездата Шакира и славниот шпански фудбалер Жерар Пике ставија крај на нивната 12-годишна врска од која имаат и два сина, тврдат бугарските медиуми. Тамошните портали за Спасовска пишуваат дека е модел од Пловдив која веќе подолго време живее и […]